Еразмус +


Центарот за странски јазици стана дел од европската програма Еразмус+, водена од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова лето наши професори престојуваа во Малта и посетуваа курсеви организирани од ETI (Executive Training Institute), реномирана институција  акредитирана од повеќе релевантни организации, меѓу кои и водечкиот бренд за квалитет во наставата по англиски јазик -  Quality English. Обуките ги презентираа најсовремените трендови во методиката на настава за странски јазици. Сите искуства со задоволство ќе бидат пренесени и применети во пракса во нашите училници Smile

 

 


 

Центарот за странски јазици – Скопје во април 2019 г. беше домаќин на проф. Ана Јанжекович од Словенија во рамките на програмата Ерамзус+. Таа е професор по англиски јазик во Центарот за образование за возрасни во Ормож (Ljudska Univerza Ormož), како и организатор на секторот за образование во истата институција. Нејзината посета претставува една од првите реализирани Erasmus+ Job shadowing активности во oбразованието за возрасни во Македонија.

Нашата колешка Јанжекович следеше како се изведува наставата за возрасни во Центарот за странски јазици - Скопје, пред сè во групите по англиски јазик, но на нејзина иницијатива, и по други странски јазици: германски и македонски за странци. Таа присуствуваше и на часовите по словенечки јазик, каде и самата учествуваше во наставата како роден говорител на истиот, што претставува одлично искуство за нашите ученици кои комуницираа со неа.

Среќни сме што на Ана ѝ се допадна како се работи во нашето училиште. Според неа, методиката на настава во Центарот за странски јазици е на високо ниво и наставата се изведува многу професионално, со вклучување на сите актуелни методи во истата. Токму затоа беше разговарано и за понатамошна соработка и поголеми заеднички проекти и стратешки партнерства од Еразмус+.

 

Центар за странски jазици

Жиро сметки:
Комерциjална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопjе, Македониjа

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)75 282 600
© Центар за странски јазици, 2016 - 2024. Сите права задржани