Опис на курсевите за деца и тинејџери


Курсевите за деца и тинејџери што ги нуди Центарот за странски јазици-Скопје се наменети за слушатели на возраст од 6 до 18 години. Степените се поделени на три подготвителни (Основно 1, Основно 2 и Основно 3), осум редовни (А1 – Б2) и два на високо ниво (Ц1 – Ц2).

Курсот за секој степен опфаќа две полугодија, а секое полугодие се состои од 32 часа. Наставата се одржува два пати неделно (понеделник и среда, или вторник и четврток) во попладневните и вечерните часови. Секој час е со времетраење од 70 минути.

Наставата во целост се одвива со физичко присуство за сите степени. 

Во соработка со реномираните издавачи чии учебници се користат во нашата настава, просечен час во Центарот за странски јазици се состои од:

-        Работа со учебник и работна тетратка.

-        Употреба на разновидни материјали (аудио, видео и сл.) кои професорот може да ги споделува со слушателите со цел подобро и полесно да ги усвојат наставните содржини.

-        Работа на слушателите во парови и групи на дадена тема.

-        Редовно задавање на домашни задачи и нивна проверка.

За поуспешно совладување на материјата препорачуваме слушателот редовно да ја посетува наставата.

 

*ЦСЈ го задржува правото привремено целосно да ја пренасочи наставата онлајн, и за детските и за возрасните курсеви, доколку моменталните состојби и услови налагааат потреба од таков вид на настава.

Центар за странски jазици

Жиро сметки:
Комерциjална банка: 300000000622776
Стопанска банка: 200000099001587


Орце Николов бр. 155 A
1000 Скопjе, Македониjа

+389 (0)2 306 77 83
+389 (0)75 282 600
© Центар за странски јазици, 2016 - 2024. Сите права задржани